Четврток - Thursday, 13 December 2018, 00:38:42
Добредојде - Welcome незнаен слушателу! | RSS
КОЧАНИ НИЗ МУЗИКА
Почетна - Main » Песни - Files » Народна музика - Folk music

Анка Гиева - Прошетал Димчо, рашетал
[ Преслушај ја песната со лев клик или симни ја со десен клик и Save as - Download from this server (3.06 Mb) ] 13 December 2015, 03:49:11

ПРОШЕТАЛ ДИМЧО РАШЕТАЛ                                                         

Прошетал Димчо рашетал, низ јуручките маала, низ јуручките маала.
Прошетал Димчо рашетал низ јуручките маала.
Го догледале анами, анами млади кадани, анами млади кадани.
Го догледале анами, анами млади кадани, анами млади кадани.
Анами на Димчо говорат - елај си Димчо на кула, да пиеш лута ракија.
Да пиеш лута ракија, да јадеш мезе сирење.
Димчо на анами говори - анами млади кадани, не ме зимајте на душа.
Не ме зимајте на душа, Јуруци ќе ме утепат.

Забелешка: зборот „кадани“ означува угледни жени, домаќинки, а „јуруци“ се засебна турска етничка група што живее во југоисточниот дел на Македонија, а потекнува од Анадолија.

Песната е инспирирана од вистински настан и е поврзана со Димче Стоилков од Кочани, роден во 1899, а починал во 1961 година. Татко му Иван (1858-1934) и неговата мајка Марија (1867-1924) Стоилкови имале 11 деца.

Димче бил личен младич, неверојатен убавец кој "им влегувал во очите" не само на младите христијанки, туку и на муслиманките, вклучувајќи ги и анамите од јуручките населби во Кочани. Кога Димче минувал сам или со другари низ тесните сокаци, пенџерите на куќите се отворале како да ги дувал некаков чуден виор, а на балконите се појавувале, расцутени како цвеќе, шамиите на младите анами, а зад камените огради го следеле непријателски, злобните физиономии на мажите-јуруци. Нивната љубомора преминувала во омраза.

Димче бил самоук уметник, се занимавал со сликарство, дарба која ја наследил од неговиот најстар брат Лазар (1884-1920). Бил и фотограф и заедно со неговата сестра Рада (1898-1970) сликале були (Турчинки). Еден ден во работилницата му влегле неколку млади анами - бучни, засмeни. Димче им направил снимки, по една со фереџе и друга - без фереџе. Кога една од нив - Ѓулфие, го симнала фереџето, младиот фотограф се засрамил: пред себе видел волшебно убаво лице, со црни очи, тенки веѓи, исцртани како крилја на ластовици, и сочни, усни со боја на јагода. Димче ветил дека ќе ги донесе готовите слики (за да си најде повод) по неколку дена. Кога ги однел фотографиите, Ѓулфие го поканила на балконот да го послужи со ракија.

Штотуку го почнале разговорот, кога одеднаш забележале коњаник кој слегува од блискиот рид.Тоа бил Харун Јусуф - суровиот сопруг на Ѓулфие. Нејзиниот татко Џемал му ја дал во замена за десет овци, десет кози и една крава. Исплашен, Димче станал од софрата, преправен набрзина во облека и со фереџе на баба Џена, мајката на Харун. Така Димче се извлекол, избегнувајќи го опасното соочување со љубоморниот јурук.

За време на бугарската власт во Македонија Димче Стоилков бил и кмет на Кочани. Тогаш веќе се пеела неговата песна "Прошетал Димче, рашетал низ јуручките маала".

Димче починал во Скопје и неговото вечно почивалиште е на гробиштата во Бутел.

Категорија-Category: Народна музика - Folk music | Додадено од - Added by: Кочани_низ_музика
Видено - Views: 186 | Симнувања - Downloads: 32 | Рејтинг - Rating: 0.0/0
Вкупно коментари - Total comments: 0
Name *:
Email:
Code *:
Група - Category:
Народна музика - Folk music [45]
Забавна музика - Pop music [53]
Посетете - Visit:
Старо Кочани (фотографии од старо Кочани) -
Old Kocani photos
Oпштина Кочани -
Municipality of Kocani
Плеер - Player

Copyright Kocani music © 2018
Make a free website with uCoz